Москва и Киев се состанаа одделно во Женева
Белата куќа потврди нова рунда и оцени значителен напредок, додека Зеленски не верува дека резултатот е доволен. Потврди дека е договорено САД да ја следат имплементацијата на прекинот на огнот.

Мировните разговори за војната во Украина завршени во Женева. По трилатералните средби, делегациите на Москва и Киев се состанаа одделно и оценија дека преговорите биле тешки, но очекуваат продолжување. Белата куќа потврди нова рунда и оцени значителен напредок, додека Зеленски не верува дека резултатот е доволен. Потврди дека е договорено САД да ја следат имплементацијата на прекинот на огнот.
„Не можеме да кажеме дека исходот е доволен. Воените претставници сериозно и суштински разговараа за одредени прашања. Сепак, чувствителните политички прашања, прашањата за можни компромиси и неопходниот состанок на лидерите сè уште не се доволно разработени. Сметаме на следен состанок што поскоро“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Портпаролката на руското МНР, Захарова, изјави дека Западот погрешно верува оти Русија ќе ја суспендира воената операција и ќе го надгледува вооружувањето на Украина. Таа нагласи дека Москва останува посветена на мирот, додека другата страна го нарушува преговарачкиот процес.
