Свет

Поранешниот претседател на Јужна Кореја се соочува со смртна казна

19.02.2026 10:48

Јун е веќе во затвор и има осум други судења за разни кривични дела.

Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол пристигна во судницата во Сеул каде се соочува со смртна казна по обвиненијата за бунт поврзани со воведувањето на воена состојба во декември 2024-та.

Јун кој веќе е во затвор и има осум други судења за разни кривични дела, го правда својот потег како борба против антидржавни сили. Неговите поддржувачи протестираат пред судот.