Свет

Вашингтон домаќин на првиот состанок на „Одборот за мир“

19.02.2026 16:00

Во Вашингтон се одржува првиот состанок на „Одборот за мир“ за Газа, со учество на делегации од 47 земји и Европската унија...

Во Вашингтон се одржува првиот состанок на „Одборот за мир“ за Газа, со учество на делегации од 47 земји и Европската унија. Во фокус се разоружувањето на Хамас, обновата, хуманитарната помош и формирањето на меѓународни стабилизациски сили, а се очекува и објавување над 5 милијарди долари за поддршка на регионот. Одборот го вклучува Израел, но не и Палестинците, што предизвика контроверзии, но и дискусии за можно намалување на улогата на ООН во глобалната дипломатија. Додека едни критикуваат, САД ја бранат структурата на телото – пред Одборот, одржана седница на Советот за безбедност.

„Одборот ќе објави над пет милијарди долари ветувања за обнова. Слушаме неосновани критики за неговата структура. Дека е неконвенционална, дека е без преседан. Видете, старите начини не функционираа. Имавме избор-Хамас да продолжи да ја контролира Газа и окупација на Газа, или нов начин. Колеги, одборот не зборува, туку дејствува“, изјави Мајк Валц, амбасадор на САД во ООН.