Стамкос се врати на мразот, се надева на настап во Сочи
Канадскиот хокеар со Македонско потекло, Стивен Стамкос, почна со полесни тренинзи по тешката фрактура на тибиата на неговата десна нога, здобиена на 11 ноември, во натпреварот против Бостон. Хокеарот на Тампа Беј за првпат по повредата се врати на мразот, на тренингот пред натпреварот со Њу Џерси. Тој засега се опоравува многу побргу од првичните проценки, и ако така продолжи, може да се најде во составот на Канада за Олимписките игри во Сочи. Тоа е и главниот мотив за 23 – годишниот хокеар, кој е двапати најдобар стрелец во НХЛ лигата.

’’Не чувстувам болка кога лизгам. Иако не сум 100 процентно подготвен, сепак можам да ги изведувам истите движења. Јас сум тип на човек, кој кога има некаква цел, прави се што може за да ја реализира. Во случајов се работи за Сочи, и се додека имам шанса да играм на Олимпијадата, го користам тоа како мотивација’’ – изјави Стамкос.
Неговиот тим во последниот натпревар одигран рано изутрина, славеше против Нешвил со со 4:2, и иако е без својот најдобар играч, котира на втората позиција на Атлантикот, а третата во Источната конференција. Екипата на Флорида, славеше на гости против Отава, исто така со 4:2, а за поради повреда не настапи Ед Јовановски, а вториот Канаѓанец кај ’’пантерите’’со македонски корени, голманот Жозе Теодор, во моментов е слободен агент. За разлика од екипата на Тампа Беј, тимот од Мајами е на 7 – та, претпоследна позиција во Атлантик дивизијата, или 13 – та во конференцијата. Сепак, Флорида има само 3 бода зад осмопласираната Филаделфија, која е на осмото место, последно кое води во ’’плеј - офот’’.
Најдобар ефект на истокот има Питсбург со 53 бода, а западот и воопшто во НХЛ лигата, шампионот Чикаго има 55 бода.