Писториус виновен за убиство од небрежност
Судот во Преторија, Јужна Африка се изнесе дека Писториус дејствувал од небрежност пукајќи низ вратата од тоалетот во неговиот дом, верувајќи дека станува збор за натрапник, а не за неговата девојка.

Оскар Писториус, светски популарениот параолимпиец е прогласен за виновен за убиство од небрежност.
Судот во Преторија, Јужна Африка се изнесе дека Писториус дејствувал од небрежност пукајќи низ вратата од тоалетот во неговиот дом, верувајќи дека станува збор за натрапник, а не за неговата девојка.
Според судот, нема докази за намерно убиство и убиство со предумисла на неговата девојка Рива Стенкамп.
Писториус на 14 февруари минатата година во неговата куќа ја уби својата девојка, како што се изјасни по грешка, мислејќи дека е провалник кој влегол во куќата.
