Свет

Уапсен поранешниот британски принц Ендрју

19.02.2026 12:23

Британската полиција отвори истрага против војводата од Јорк поради наводи за споделување чувствителни информации со Џефри Епстин.

Поранешниот британски принц Ендрју е уапсен утрово на имотот Сандрингам под сомнение за злоупотреба на службена должност, соопшти полицијата. Тој останува во притвор, а во тек се претреси на повеќе адреси во Беркшир и Норфолк.

Истрагата се однесува на наводи дека Ендрју, додека бил трговски претставник на Велика Британија, споделувал чувствителни информации со милијардерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Се проверуваат и тврдења поврзани со наводна злоупотреба.

Минатата година, кралот Чарлс Трети му ја одзеде титулата на својот брат поради контроверзиите околу неговите врски со Епстин.

 

Фото: BBC