Македонија е блиску до склучување на договорот за реципроцитет со САД, истакна Муцунски
Македонија е блиску до склучување на договорот за реципроцитет со Соединетите Американски Држави. Највисоката тарифа се очекува да биде 15 проценти, а за неколку клучни производи и индустрии ќе има и пониски царински стапки. А, на европско тло, продлабочување на соработката со Словачка во делот на неколку области...

Многу сме блиску до склучување на договорот за реципроцитет со САД со кој царинските стапки ќе се намалат од 33 на 15 насто, а за некои производи и помалку – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски. Појаснува дека и на оние држави кои склучиле договор им претходела заедничка изјава.
Се продлабочува трговската соработка и со Словачка во областа на автомобилската индустрија, енергетиката, земјоделството, туризмот. Словачка има силна индустрија и големо искуство во производството, автоматизацијата и современите технологии, истакна министерот за финансии на Словачка, Каменицки. Додаде дека со подобрувањето на соработката постои можност за подобрување на квалитетот и продуктивноста во прехранбената индустрија и земјоделството.
Трговската размена со Словачка минатата година изнесувала над 340 милиони американски долари. Извозот се зголемил за 13 насто, а увозот за 8 насто.
Александра Велинова
