Продолжен рокот за легализација на бесправно изградените објекти
До 2031-ва година институциите треба да ги решат сите поднесени барања за легализација на дивоградби, без можност за поднесување нови апликации. Опозицијата бара целосна реформа на системот за градење и урбанистичко планирање.

До 2031-ва сите нелегално изградени објекти за кои сопствениците поднеле барање за легализација треба да бидат институционално решени. Нема да се примаат нови барања, туку само да се официјализираат заостанатите предмети во институциите. Ако не се продолжи рокот, граѓаните ќе останат во лавиринтот на институциите, а тоа не е владеење на правото рекоа од мнозинството.
Опозицијата со став дека треба да се менува целиот систем за градење и урбанистичко планирање.
Поради тоа што не е мината на надлежните комисии точката за зголемување на минималната плата поднесена од опозицијата, не се разгледуваше на пленарна седница.
Миле А. Ристески
