Муцунски: Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати
Новите кандидати за амбасадори и конзули се професионални дипломати кои доаѓаат од редот на вработените во Министерството за надворешни, вели министерот Муцунски. Засега имињата на новите кандидати не се откриваат. Ќе бидат познати по добивањето на агреманите...

Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и конзули се професионални дипломати кои доаѓаат од редот на вработените во Министерството за надворешни, со богата дипломатска кариера од над 20 години искуство, вели министерот Муцунски кој го координира процесот за нивниот изборот. Според шефот на дипломатијата, оваа влада е првата која направила конкретен исчекор за професионализација на дипломатската служба.
67 проценти од предложените кандидати се луѓе од кариера, потврди и претседателката Сиљановска-Давкова која потсети на законската обврска, потребни 50 проценти да бидат дипломати од кариера. Но, според шефицата на државата тоа не значи дека и во другите држави не се номинираат луѓе надвор од фелата на амбасадорите.
Засега имињата на новите кандидати не се откриваат. Ќе бидат познати по добивањето на агреманите и откако ќе отпочнат внатрешните процедури во државата. Кандидатите своите тези ќе треба да ги одбранат во Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Викторија Милевска
