Кичево бара решение за поплавените домови
Водата се повлекува во Кичево, но уште три семејства се сместени во Спортскиот центар. Освен расчистување на теренот, предизвик за надлежните е и менаџирањето на потребите на безмалку 300 луѓе во Спортскиот центар, кои за десетина дена би требало да се вратат дома, но и трајно сместување за оние на кои целосно им се уништени куќите.

Зајаска река се повлече во коритото, но во Спортскиот центар од вчера плус уште три семејства. Според првиот човек на општината, за десетина дена дел од семејствата ќе можат да се вратат дома, но сè уште нема трајно за оние на кои целосно им се уништени куќите. Во моментот се прават проценки колку луѓе останаа без дом.
Предизвик за надлежните е и менаџирањето на потребите на безмалку 300 луѓе во Спортскиот центар.
Народен правобранител отвори предмет во врска со сериозната состојба со поплавите во Кичево.
Наташа Јанчиќ-Менковски
