Скопје

Отчет за сработеното на градоначалникот на Скопје

19.02.2026 21:25

Градоначалникот на Скопје Орце Георгиевски со отчет за сработеното. Еве што сработила локалната власт во метрополата во изминатите 100 дена...

Расчистен хаос, воведен ред, институции кои полека се враќаат во кондиција е само дел од вложениот труд во изминатиов период – посочи градоначалникот на метрополата Орце Ѓоргиевски. Тој даде отчет за сработено изминативе 100 дена. Посебен акцент стави на испразнетата градска каса, и долг од над 300 милиони евра што ги наследила локалната власт.

Ѓоргиевски истакна дека испалени се платите во Јавните претпријатија кои се во надлежност на градот, а во тек е и целосна ревизија на јавната администрација.

Секој што погрешил пред законот ќе одговара-вели градоначалникот, а за тие кои земале плата а не работеле нема место во неговиот тим. Ѓоргиевски изминатите 100 дена се посвети и на расчистува на градскиот отпад, како и на отстранување на нелаголно поставените објекти.

 

Марина Стојанова-Тонева