Собрание

Во Собранието седница на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија

20.02.2026 08:02

Во Собранието денес ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија...

Во Собранието денес ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

На дневен ред на собраниската комисија е Предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово, поднесена од пратениците Али Ахмети, Арбана Пашоли, Бејџан Иљас, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Елми Азири, Зиадин Села, Илир Демири, Илир Хасани, Илире Даути, Исмаил Јахоски, Муса Џафери, Ријад Шаќири, Рина Ајдари, Садик Сулејмани, Садула Дураки, Сали Мурати, Скендер Реџепи, Талат Џафери, Халил Снопче.