Обединето Кралство
Принцот Ендру ослободен, истрагата продолжува
20.02.2026 11:20
Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс и членовите на кралското семејство ја поддржуваат истрагата, додека Белата куќа апсењето го оцени како срам за кралското семејетво...

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор е ослободен од притвор по 12-часовно испрашување од полицијата во Норфолк, но истрагата за злоупотреба на службената должност и за предавање доверливи информации на покојниот сексуален престапник Епстин, продолжува.
Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс и членовите на кралското семејство ја поддржуваат истрагата, додека Белата куќа апсењето го оцени како срам за кралското семејетво.
