Киев сака мир, но не по цена на територии
Мирот е приоритет, но не по цена на територии, изјави Зеленски, додавајќи дека следните чекори ќе се координираат со САД и европските партнери, при што ставот на Европа ќе биде целосно земен предвид...

Киев ја отфрла можноста за повлекување од Донбас во мировните преговори со Русија. Мирот е приоритет, но не по цена на територии, изјави Зеленски, додавајќи дека следните чекори ќе се координираат со САД и европските партнери, при што ставот на Европа ќе биде целосно земен предвид.
„Ги дефинираме нашите чекори и одлуки. Важно е што Европејците беа присутни во Швајцарија. Токму така планираме да работиме во иднина – да обезбедиме дека позициите на Европа ќе бидат земени предвид“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во меѓувреме додека Шведска најавува нов пакет воена помош за Киев вреден 1,42 милијарди долари за воздушна одбрана, Унгарија размислува за прекин на извозот на струја и гас во Украина доколку Зеленски не реши да ги продолжи испораките на руска нафта преку гасоводот „Дружба“.
