„Комфи ангел“ и Британската амбасада ги подобруваат условите за децата со посебни потреби во Прилеп

12.09.2014 12:34

Ако се сака сè се може. Особено да се направи добро дело. Една акција во прилепскиот Центар за деца со посебни потреби е инспирација за сите кои сакаат да помогнат кога е најпотребно...

Фарбање, чистење, поправки. Вработени од британско- македонската конфекција „Конфи ангел“ и од Британската амбасада во земјава од срце се приклучија во акцијата да им ги подобрат условите на децата со посебни потреби во прилепскиот дневен центар.

Ова не е ниту прва ниту последна акција.

„Мајстори од фабриката „Комфи ангел“, сите поправки што им требаат во дневниот центар, ги изработуваме денеска. Ќе се насадат неколку дрца, неколку растенија. Она што е најбитно, секоако е моментот и заедништвото, заедничките моменти што ќе ги поминеме со дечињата од Дневниот центар“, вели Ирена Јакимоска, конфекција „Конфи ангел“.

Британската амбасада сака да им помага не само на лиѓето во Скопје, туку и на оние низ Македонија.

„Ова е многу важна работа, во Дневниот центар овде во Прилеп. Многу сум среќен да бидам овде“, вели Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија.

Локалните власти во Прилеп ги поддржуваат и ги анимираат стопанствениците да донираат во Дневниот центар.

„Нашата гордост прилепска, тоа е Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ на кој помагаме и работиме сите цело време, континуирано, повеќе од 10 години“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Во прилепскиот Центар дневно се сгрижени 22 деца со посебни потреби. Добрите дела досега им ги понудиле многу организации и стопанственици.

 

Елизабета Митреска