Иран

Вашингтон со ултиматум до Иран - нуклеарен договор за 10 дена или воена акција

20.02.2026 12:16

Претседателот Трамп нагласи дека бомбардирањето на иранските цели останува реална опција...

Вашингтон со нов ултиматум до Техеран – нуклеарен договор за 10 дена или воена акција. Претседателот Трамп нагласи дека бомбардирањето на иранските цели останува реална опција.

„Можно е да направиме следен чекор, а можно е и да постигнеме договор. Ќе дознаете во следните десет дена. Иран мора да избере поинаков пат ако сака стабилност во регионот, во спротивно ќе се случат лоши работи“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Предупредувања до Иран пристигнаа и од Израел, додека земјата се подготвува за заеднички напад со САД.

„Подготвени сме за секое сценарио и едно е сигурно-ако ајатолахот направи грешка и нè нападнат, ќе добијат одговор што не можат ни да го замислат“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Велика Британија не поддржува напад на САД врз Иран и нема да ги отвори своите бази. Русија повикува на воздржаност, а Полска ги повика граѓаните да го напуштат Иран.