Еурофарм Пелистер поразен од Висла Плоцк

20.02.2026 09:04

Гостите од Полска не дозволија битолчани да приредат изненадување, иако во два наврати домашните ракометари успеаја да се доближат на еден гол негатива, во првото полувреме на 8:9 и во второто полувреме до 19:20 за гостинскиот тим...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер доживеа уште еден пораз на европска сцена, овој пат од Висла Плоцк која славеше со 28:25.

Гостите од Полска не дозволија битолчани да приредат изненадување, иако во два наврати домашните ракометари успеаја да се доближат на еден гол негатива, во првото полувреме на 8:9 и во второто полувреме до 19:20 за гостинскиот тим кој во 44 минута имаше предност и од шест голови.

Статистички најефикасни во двата тима беа словенечките интернационалци, Тајник кај Еурофарм Пелистер со 4 постигнати голови и Јанц во тимот на Висла Плоцк со 7 постигнати голови.

Со овој пораз Еурофарм Пелистер ги загуби минималните шанси за шеста позиција на табелата која води до следна фаза од европската лига на шампионите, иако до крајот на натпреварите во групата има уште три дуели со ГОГ и Барселона на гости и со ПСЖ во Битола.

 

Фото: Facebook/ RK Eurofarm Pelister