Кавадарци

Се работи на подобрување на квалитетот на водата за пиење на жителите од Тиквешијата

21.02.2026 12:53

Педесетина илјади жителите од Тиквешијата треба да добијат поквалитетна вода за пиење годинава со неколку проекти на водоводниот систем Лукар, кој ги изведува ЈП Комуналец...

Педесетина илјади жители на Тиквешијата треба да добијат поквалитетна вода за пиење. ЈКП Комуналец од Кавадарци работи на неколку проекти со цел подобра вода низ градскиот водовод за домовите на семејствата во Кавадарци, Неготино, Росоман. Во завршна фаза е реконструкција на главниот цевковод за вода за пиење, со полиетиленски цевки во должина од 6,5 километри. Ќе се гради и нова хлоринаторска станица.

Ова е прва реконструкција на водосистемот Лукар, со кој трите општини се снабдуваат со вода за пиење од Кожуф, по неговото пуштање во употреба на системот од пред педесетина години. Проектот е финансиран од Министерство за транспорт, а финансиската вредност е 20 милиони денари. Во тек е и реконструкција на фекалниот колектор, со цел подобрување на функционирањето на колекторскиот систем и заштита на животната средина. Се најавува и изградба на скада систем на мини хидроцентралите кои се на цевководот Лукар.

 

Петар Печков