МВР

Лишени од слобода четворица возачи поради возење без возачка, со активна забрана и управување нерегистрирано возило

20.02.2026 15:22

МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола, соопштија од МВР.

По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без возачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.