ЈП „Македонијапат“
Укината забраната за камиони преку Стража, Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка
20.02.2026 11:22
Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема...

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Ограничувањето беше воведено утрово поради интензивни снежни врнежи.
Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема. Екипите на „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување и одржување на коловозите.
