МВР

Лажна дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

20.02.2026 13:14

Преземени се стандардни безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.

Дојава за бомба пристигнала утрово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, информираат од МВР. Преземени се стандардни безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.

По извршените проверки од страна на полициските екипи утврдено е дека се работи за лажна дојава.