Премиерот најави можно членство во ЕУ идната година, со учество во сите тела, но без право на глас
Премиерот Мицкоски обелодени дека можно е земјава да стане членка на Унијата во 2027-ма, со учество во сите тела, но без право на глас...

Многу „ако“ за членството на Македонија во ЕУ. Премиерот Мицкоски обелодени дека можно е земјава да стане членка на Унијата во 2027-ма, со учество во сите тела, но без право на глас.
Од Владата појаснуваат:
„Процесот би бил дел од поширок пакет кој би ги опфатил и другите земји од регионот, во зависност од развојот на мировниот договор за Украина и политичкиот консензус во рамките на Унијата. Суштински, ова за Македонија би значело членство, но со ограничен капацитет во одлучувањето, постепена и условена интеграција и силен мониторинг до целосно усогласување со европскиот систем“.
Тука се наметнуваат и уставните измени. Процесот на пристапување е забавен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен нагласува Томас Вајц, во годинешниот нацрт-извештај за земјава. Социјалдемократите пак коментираат дека власта ја турка Македонија во изолација.
Брисел пратил јасна порака дека проширувањето може да се забрза, но само со вистински реформи и владеење на правото велат во СДСМ.
Северна Македонија моментално се наоѓа во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување е сопрен. И покрај некои позитивни реформи, напредокот на реформската агенда на ЕУ – особено во клучни области како владеење на правото, реформите на правосудството и борба против корупцијата е недоволен.
Миле А. Ристески
