Предлог-закон за помилување без право на аболиција и со построга постапка
Сериозни промени и построга постапка предвидува Предлог-законот за помилување, кој сè уште е отворен за дебата меѓу правната фела. Една од клучните измени е претседателот да може да ослободи од извршување на казна, само за изречена санкција, но не и за кривично гонење, а тоа значи дека се укинува можноста за аболиција.

Со новиот Предлог-закон за помилување се укинува правото на претседателот за аболиција. Претседателот може да даде само помилување за санкцијата. Во законот не е одредено Министерството за правда да дава мислење кој затвореник може да се помилува, што претседателката смета дека треба да се размисли тоа да остане.
Забелешка има за и членовите на Комисијата за помилување и дека автентичното толкување од Собранието треба да се префрли таму каде што ми е местото во Уставниот суд.
Со Предлог-законот за помилување се воспоставува јасна, транспарентна и временски ограничена постапка за секоја од надлежните институции. Се намалува просторот за злоупотреба како во минатото.
Учесниците во дебатата сметаат дека помилување треба да има и да се воведе и хуман осврт на санкциите особено што затворите во земјава се далеку од соодветни за издржување на казни.
Усвојувањето на Предлог-законот за помилување ќе повлече и измени на Кривичниот законик.
Ирина Гелевска
