МОН

Јаневска задоволна од јавната расправа, законот оди на ЕНЕР

20.02.2026 19:00

Предвидените измени во законот за високото образование ја разбрануваа јавноста. Дел од експертската фела реагира дека со предлогот се отвора прашањето за финансиска автономија на универзитетите, други пак сметат дека ќе се воведе ред и ќе се добие поквалитетно образование. Министерката Јаневска вели, нема повлекување од законот...

Законот за високото образование е отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво, рече министерката за образование Весна Јаневска. Таа е задоволна од првата јавна расправа со државните универзитети, која се одржа во Скопје, нагласувајќи дека професорите дискутирале за одредбите од законот.

Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела.

Новото законско решение ја разбранува јавноста. Дел од професорската фела реагираше дека со овој закон се отвора прашањето за финансиска автономија на универзитетите, други, пак, сметат дека кадарот наместо дома, ќе замине во странство.

Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра.

 

Борис Грујоски