Трамп воведува глобални царини од 10% по одлуката на Врховниот суд
Американскиот Врховен суд одлучи да поништи голем дел од царините.Трамп наводно ја нарекол пресудата срамна.

Американскиот Врховен суд со 6 гласа „за“ и 3 „против“ одлучи да поништи голем дел од царините што ги воведе администрацијата на претседателот Трамп. Отфрли еден од најконтроверзните негови потези во практикувањето на неговата претседателска моќ, што се закануваше да предизвика далекусежни последици по глобалната економија.
Според дел од медиумите, Трамп наводно ја нарекол пресудата срамна. Американскиот претседател најави дека ќе воведе нова глобална царина од 10 насто.
Лидерот на демократите кои се малцинство во Сенатот, Чак Шумер, во објава на социјалната платформа „Икс“, ја нарече одлуката на Врховниот суд победа за паричниците на секој американски потрошувач.
