Регион

Немири во Тирана, демонстрантите се судрија со полицијата

21.02.2026 10:55

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, додека маскирани демонстранти фрлаа молотови коктели и огномет.

Уште еден опозициски протест се претвори во немири во Тирана, кога демонстрантите се судрија со полицијата пред зградите на владата и парламентот.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, додека маскирани демонстранти фрлаа молотови коктели и огномет.

Опозициската Демократска партија на Албанија започна серија антивладини протести со цел да ја принуди владата да поднесе оставка, обвинувајќи ја за корупција.

Според официјалното соопштение на полицијата во Тирана, на терен биле распоредени околу 1.600 полицајци