Во Белград промовирана книгата „Континуитетот на македонскиот јазик“
Македонците во Белград го одбележаа Денот на мајчиниот јазик, со промоција на книгата „Континуитетот на македонскиот јазик“. Ова е прва промоција на ова капитално дело, печатено со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.

Во Белград во организација на здружението Македониум одбележан Денот на мајчиниот јазик со предавање на тема „Македонскиот јазик-пламен на зборот“ и промоција на делото „Континуитетот на македонскиот јазик“.
Ова е прва промоција на ова капитално дело, печатено со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.
Ваквите предавања се од суштинско значење за Македонците во Србија за зачувување на идентитетот и јазикот.
Програмата беше пропратена со ансамблот Македониум и поетска вечер.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
