Лобирањето не заживеа, ДКСК најавува кампања
Додека развиените демократски општества на големо практикуваат лобирање како платена професија за постигнување одредени интереси, кај нас сè уште владее менталитетот да бидеме повеќе упатени на лични познанства, на лични контакти па и врски, од најниско до највисоко.

Имаш ли човек во институцијата, имам проблем… Дај некој познат во Министерство… Препорачај ми добар лекар… Додека развиените демократски општества на големо практикуваат лобирање како платена професија за постигнување одредени интереси, кај нас сè уште владее менталитетот да бидеме повеќе упатени на лични познанства, на лични контакти па и врски, од најниско до највисоко. Експертите посочуваат дека законската рамка постои и зачудува зошто лобирањето не заживува. Личните интереси не може да ги придвижуваат големите процеси и промените на јавните политики во општеството, велат експертите.
Во регистарот на Државната комисија за спречување корупција регистрирани се три лоби организации, но ниту една не доставила извештај до комисијата за својата работа. Од комисијата велат дека алармот е вклучен и дека веќе се преземаат мерки за кампања за подигнување на јавната свест со цел лобирањето правилно да се разбере како законска и транспарентна постапка. До тогаш, можеме да го практикуваме застапувањето кое го умееме уште од мали нозе, велат експертите.
Новиот закон за лобирање беше донесен во 2021-ва година.
Фиљана Кока
