Божиновска во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“
Македонските ресурси мора да создаваат поголема додадена вредност дома.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“. Компанија која врши ископувања на еден од најпрепознатливите индустриски брендови на државата и значаен извозник на македонски мермер на глобалниот пазар.
За време на посетата, министерката изврши непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот од наоѓалиштето, условите за работа, механизацијата и процесите што комбинатот ги користи при ископувањата.
Раководството на комбинатот ја информираше министерката за тековните инвестиции во модернизација на механизацијата, технолошките процеси на експлоатација, безбедноста при работа и мерките за рационално искористување на природните ресурси. Посебен акцент беше ставен на одржливо користење на наоѓалиштето и зачувување на неговиот потенцијал со грижа за животната средина.
Министерката Божиновска истакна дека ваквите теренски посети се клучни за реален увид во функционирањето на секторот и за креирање политики базирани на фактичка состојба.
