Над илјада маски на големото дефиле во Струмица
Струмица од синоќа е во ритамот на карневалската магија. Речиси сè е подготвено за големото дефиле на кое ќе има над илјада учесници, а ќе го предводат принц и принцеза избрани на струмичкиот маскенбал.

Душко и Даница Тимови вечерва ќе го предводат карневалското дефиле во Струмица. Тие беа избрани за принц и принцеза на синоќешниот маскенбал како кралеви на подиумот при диско забава. Одлични креации и разновидни пораки донесе струмичкиот маскенбал. Забавите под маски се само увертира на карневалската магија.
Над илјада маскирани лица ќе бидат вечерва од големото дефиле. Има гости и од Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија.
Вечерва се очекуваат 40-тина групи и поединечни маски, а по струмичките улици треба да пренесат разновидни пораки, но пред сè позитива енергија.
Карневалот во Струмица продолжува и наредните денови и ќе трае до празникот Тримери.
Ване Трајков
