Македонија
Почнаа карневалските свечености во Прилеп за Прочка
21.02.2026 17:36
Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп...

Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп за Прочка. Учениците од училиштата ги покажаа своите креации.
Мечкарите ги посетија касапите. Подготвени се да ја продолжат 100-годишната традиција на маската заштитена како нематеријално културно богатство.
Адетите за прочка-Велики поклади се негуваат. Во основата на последниот ден пред Велигденските пости е – простувањето.
Утре е кулминацијата на прилепскиот карневал на маските.
Елизабета Митреска
