САД

Трамп ги зголеми царините на 15%

21.02.2026 20:18

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата „Трут соушл“ дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти. Објавата негова следи само еден ден откако Врховниот суд на САД ги укина неговите претходни царински тарифи од април минатата година.

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата „Трут соушл“ дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти.

Овие царини ќе стапат во сила во вторник, 24-ти февруари. Тие можат да останат во сила само околу пет месеци пред администрацијата на Трамп да мора да побара одобрение од Конгресот.