АМСМ

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

22.02.2026 09:16

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.