Свет

Иран ги прогласи поморските и воздухопловните сили на ЕУ за терористички организации

22.02.2026 09:38

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека „реципрочниот“ потег следел по како што се наведува, „нелегалната и неоправдана“ одлука на земјите-членки на унијата да означат дел од вооружените сили на Исламската република како терористички.

Иран ги прогласи поморските и воздухопловните сили на сите земји-членки на Европската унија за терористички организации. Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека „реципрочниот“ потег следел по како што се наведува, „нелегалната и неоправдана“ одлука на земјите-членки на унијата да означат дел од вооружените сили на Исламската република како терористички.

Европската унија ја додаде иранската армија на својата листа на терористички организации како одговор на мерките на Техеран против демонстрантите.

Според иранските власти, американските и израелските разузнавачки агенции биле директно вклучени, обезбедувајќи финансирање, обука и медиумска поддршка на бунтовниците и вооружените терористи кои дејствувале на улиците.