Македонија
Струмичкиот карневал обедини илјадници посетители
22.02.2026 15:24
Повеќе од илјада карневалисти учествуваа на големото дефиле во Струмица носејќи одлични креации и различни приказни. Струмица пулсираше под маски се до раните утрински часови.

Цели четири часа траеше главното карневалско дефиле по улиците на Струмица. Над илјада учесници со музичко сценски настапи ги презентираа своите креации при што упатија разновидни пораки. Шаренило од бои и различни приказни – млади и стари под маски го презентираа стурмичкиот бренд.
Организациониот одбор го изрази задоволството од годинашниве креации на преку 40 групни и поединечни маски на струмичкиот карневал, но и големиот број на туристи и посетители.
Освен од земјава по струмичките улици продефилираа и маски од Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.
Ване Трајков
