Евроинтеграции

Членството во ЕУ без право на глас со позитивни и негативни страни

22.02.2026 14:06

Брзото членство во ЕУ без право на глас за експертите значи поефикасни реформи, но и дилема- ако условот за уставни измени останува, зошто по иста цена би прифатиле послаба награда.

Во документите на ЕУ не постои статус на членство без право на глас, или асоцијативно членство или земја-набљудувач. Во исчекување на новиот нон-пејпер на еврокомесарката за проширување Марта Кос најавен оваа пролет, Брисел за брза интеграција на Украина во унијата, може во 2027 година да дозволи прием на Украина, Црна Гора, Македонија и Албанија без да имаат право на глас.

Македонија сè уште официјално не ги почнала преговорите поради барањето за уставни измени, што најверојатно и во овој нов документ ќе останат како услов за придвижување напред кон ЕУ. Тогаш се поставува прашањето зошто за иста цена би прифатиле послаба награда.

Од 2022-ра, ЕУ постепено ги приклучува земјите-кандидатки за време на пристапниот процес за што го создаде и Планот за раст за поддршка на реформите.

Ирина Гелевска