Прочка

Дефиле под маски во Прилеп

22.02.2026 18:35

Здружението „Прилепски мечкари“ е гордо на 25 годишниот јубилеј на карневалот кој се враќа на меѓународната сцена.

Прилепските мечкари ја потврдија својата стогодишна традиција. Го отворија карневалот „Прочка“ на стотици маски од земјава и од странство. Преку маските учесниците ги испратија пораките.

Здружението „Прилепски мечкари“ е гордо на 25 годишниот јубилеј на карневалот кој се враќа на меѓународната сцена.

Жири комисија ќе ги прогласи најдобрите маски. И на централното карневалско дефиле, и од детскиот карневал.

Елизабета Митреска