Временска прогноза

Сончево со умерена облачност

23.02.2026 08:04

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.