Свет

Трамп испраќа болнички брод на Гренланд

23.02.2026 15:29

Данскиот министер за одбрана изјави дека Данска нема сознанија дека болнички брод е на пат кон Гренланд.

Трамп повторно ги разбранува духовите во Данска и во Гренланд, откако рече дека заедно со гувернерот на Луизијана договорил испраќање болнички брод на островот за да се грижи за, како што рече, многуте луѓе кои се болни, а за кои таму не се грижат.

Данскиот министер за одбрана изјави дека Данска нема сознанија дека болнички брод е на пат кон Гренланд, и порача дека не е потребен зашто жителите на островот ја добиваат целата потребна здравствена заштита.