УХМР

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка

23.02.2026 09:56

Утрово минусни температури во земјава. Најстудено беше во Берово и на Попова Шапка со измерени – 5 степени...

Утрово минусни температури во земјава. Најстудено беше во Берово и на Попова Шапка со измерени – 5 степени. Температура од – 4 степени е регистрирана во Битола, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и на Скопје – Петровец, додека – 3 степени се измерени во Струмица, Претор, Штип и Прилеп.

Во Велес, Охрид, Тетово и Виница минималната температура изнесуваше – 2 степени, во Скопје – Зајчев Рид, Пожаране и Тополчани – 1, а највисока утринска температура од 0 степени е измерена во Ѓуриште и Гевгелија.