Свечено затворени Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026
Церемонијата, насловена „Убавина во акција“, беше посветена на природните убавини на Италија и на спортските достигнувања. Во програмата беа вклучени изведби од оперите „Риголето“ и „Травијата“ на Џузепе Верди, како и настап на балетскиот танчер Роберто Боле.

Со свечена церемонија во амфитеатарот „Арена ди Верона“ официјално беа затворени Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026, на кои настапија 2.891 спортист од 92 земји, меѓу нив и четворица македонски олимпијци.
Церемонијата, насловена „Убавина во акција“, беше посветена на природните убавини на Италија и на спортските достигнувања. Во програмата беа вклучени изведби од оперите „Риголето“ и „Травијата“ на Џузепе Верди, како и настап на балетскиот танчер Роберто Боле.
Олимпискиот оган го внесоа шампионите од Зимски олимписки игри 1994, а на крајот претседателката на Меѓународен олимписки комитет, Кирсти Ковентри, ги прогласи XXV Зимски олимписки игри за затворени и ги изгасна олимписките пламени.
Олимпиското знаме им беше предадено на претставниците на француските региони, домаќини на Зимските олимписки игри во 2030 година.
Норвешка четврти пат по ред беше најуспешна нација со 18 златни медали, пред САД, додека Холандија и Италија освоија по 10 злата. Италија како домаќин освои вкупно 30 медали.
Македонскиот тим го сочинуваа Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско трчање, како и Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски во алпско скијање.
Милано и Кортина д’Ампецо од 6 до 15 март ќе бидат домаќини и на Параолимписките игри 2026.
