Македонија

Јавна дебата на УКИМ за Предлог-законот за високо образование

23.02.2026 10:51

Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје попладне ќе се одржи јавна дебата за Предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

Министерката Јаневска во петокот соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законот ќе бидат исправени.