ДИК со нов предлог за прочистување на избирачкиот список

12.09.2014 13:15

Теренска проверка во неколку пилот-општини или, пак, проверка на гласачите по принципот од врата на врата во проблематични општини- ова се начините за нова проверка на избирачкиот список, разгледани од работната група...

Министерството за внатрешни работи, матичните евиденции и Заводот за статистика на барање на Државната изборна комисија да доставуваат податоци за бројот на полнолетните државјани во Македонија и во странство кои би имале право на глас.

Теренска проверка во неколку пилот-општини или, пак, проверка на гласачите по принципот од врата на врата во проблематични општини- ова се начините за нова проверка на избирачкиот список, разгледани од работната група за прочистување на евиденцијата на избирачи во Државната изборна комисија.

Новиот предлог за прочистување на списокот доаѓа во пресрет на бриселскиот извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциите, како и во време на бојкот од опозицијата.

Прочистувањето на избирачкиот список е едно од петте барања на СДСМ за враќање во Собранието.