Свет

Хаос во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо

23.02.2026 11:13

Како одговор на ликвидацијата на лидерот, припадници на картелот почнаа со насилства низ целата држава. Наставата во училиштата е откажана во неколку држави...

Мексико во хаос откако безбедносните сили го убија водачот на моќниот картел Халиско, Намесио Рубен, во подземјето познат како „Ел Менчо“. Како одговор на ликвидацијата на лидерот, припадници на картелот почнаа со насилства низ целата држава. Властите пријавија најмалку 14 загинати, меѓу кои и седум припадници на Националната гарда.

Наставата во училиштата е откажана во неколку држави.

Војската се соочила со силен отпор, при што четворица членови на картелот биле убиени, а тројца тешко ранети и подоцна им подлегнале на повредите. Меѓу нив бил и самиот Ел Менчо, кој, според првичните информации, починал за време на хеликоптерскиот транспорт кон Мексико Сити.

Ел Менчо, поранешен полицаец, беше еден од најбараните бегалци во светот. Американската влада нудеше награда до 15 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.