Украина
Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
23.02.2026 10:19
Украинскиот претседател во интервју за Би-би-си вели дека рускиот претседател, Путин, веќе ја почнал Третата светска војна, но оти главно прашање е како тој да се запре...

Украинскиот претседател во интервју за Би-би-си вели дека рускиот претседател, Путин, веќе ја почнал Третата светска војна, но оти главно прашање е како тој да се запре.
Зеленски испрати остра порака до светските лидери. Ги отфрли територијалните отстапки како цена за мирот и предупреди дека амбициите на Путин нема да запрат на границите на Украина.
Инаку, во интервјуто, Зеленски чиј првичен мандат истече, го остави отворено прашањето дали повторно ќе се кандидира за претседател на нови избори.
