Струмица

Лишени од слобода четири лица, осомничени дека подметнале пожар во возило

23.02.2026 12:28

Во домот на К.Г. се пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на кривичното дело.

Во текот на минатиот викенд полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „Ланд ровер“, пријавено во Струмица.

На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на К.Г. се пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на кривичното дело.

За преземените мерки е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на настаните следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.