Дел од раселените по поплавите во Кичево почнаа да се враќаат во своите домови
Дел од раселените жители од Кичево почнаа да се враќаат дома. Иако куќите сè уште им се уништени од поплавите. Велат, не можат да издржат во Спортскиот центар. Некои бараат општината да им даде станови на сите што имаат куќи до коритото на Зајаска река…

Силна миризба на устојана вода, расфрлана и уништена покуќнина - ова го затекнаа жителите на „Прилепска“ во Кичево кои една недела по големата поплавата решија да се вратат во своите домови, иако се жалат оти немаат ни каде да легнат, ни каде да седнат.
Овие луѓе се решени да не се вратат во Спортскиот центар, велат многумина се, со различни табиети и станува тешко да се живее таму. Други, коишто ги затекнавме на „Прилепска“ велат дошле да расчистат, иако нема услови за живот.
Пред една недела водата од Зајаска река ги поплави домовите на многу жители на Кичево. Во некои куќи за дваесетина минути водата достигнала метар, но во други, но во други, што се до самата река, домовите се целосно уништени. Над 250 жители од загорениот регион се евакуирани во Спортскиот центар. Првиот човек на Кичево побара помош од Владата за решавање на проблемот.
Наташа Јанчиќ – Менковски
