Македонија
МНР: Македонските државјани да го напуштат Мексико поради влошена безбедносна состојба
23.02.2026 12:55
Се препорачува и одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Се препорачува и одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
Отворен и 24-часовниот СОС дежурен телефон, 075 268 736, како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво Вашингтон.
