Случај „Груби“
Реакции на партиите по апсењето на Артан Груби
23.02.2026 13:23
„Како што се договорија да го пуштат, така се договорија и да се врати, насмеан на граница“, коментираат социјалдемократите. Велат дека ова е сценарио на власта за да го прикрие криминалот во своите редови. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ возвратија-СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е уапсен...

Партиски реакции по апсењето на Груби. „Како што се договорија да го пуштат, така се договорија и да се врати, насмеан на граница“, коментираат социјалдемократите. Велат дека ова е сценарио на власта за да го прикрие криминалот во своите редови.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ возвратија-СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е уапсен, зашто би можел да изнесе афери и криминали за нивни сопартијци. „Вреди“ пак прашуваат дали Артан ќе му зададе удар на Ахмети и кој ќе оди курбан.
Марина Стојанова - Тонева известува.
