Бенелукс: Разликата околу името го компликува напредокот на Македонија кон ЕУ

12.09.2014 13:31

Комисијата во изјавата потврдува дека евроатлантската интеграција е и натаму главен стратегиски приоритет на Владата...

Разликата околу името го компликува напредокот на Македонија во однос на придружувањето кон Европската унија. Белгија, Холандија и Луксембург ги охрабруваат двете страни да го решат проблемот, ова е дел од заедничката изјава на Бенелукс- комисијата за утврдување на фактите која од 9-ти до 12-ти септември  имаше средби со претставници од политичите партии, јавните институции, граѓанската и бизнис заедницата во земјава.

Комисијата во изјавата потврдува дека евроатлантската интеграција е и натаму главен стратегиски приоритет на Владата. Истовремено се забележува околу застојот во политичкиот дијалог и владеењето на правната држава.

Бенелукс комисијата ги поттикнува сите политички партии да работат на стабилноста на земјата, но и да ја надминат собраниската криза.